СОНЧЕВО И ТОПЛО ВРЕМЕ Попладне локален дожд и ретки грмежи
Температурите до 32 степени, попладне на места пороен дожд и ретки грмежи.

Фото: Национал
Во текот на денот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Температурите ќе се движат од 11 до 32 степени.
Во попладневните часови на места се очекува повремен локален дожд, а ќе има и услови за краткотрајни поројни врнежи и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Попладне во делови од Скопската Котлина се очекува повремен дожд, со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ветерот ќе биде слаб и ќе дува од јужен правец.
CATEGORIES Македонија

