СОНЦЕ ДО ПОПЛАДНЕ, А ПОТОА… Нов пресврт на времето во Македонија
Жешкото време продолжува, но метеоролозите предупредуваат на можност за краткотрајни локални врнежи и грмежи.

Фото: Национал
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност и температура во интервал од 15 до 39 степени. Во попладневните часови, локално ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, односно изолирана нестабилност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен.
Во Скопје се очекува сончево и многу топло време, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
CATEGORIES Македонија

