СОНЦЕ, А ПОТОА НЕВРЕМЕ Македонија ја очекуваат дожд, грмежи и град

Сончевото време ќе биде прекинато со локална нестабилност, пороен дожд и засилен ветер, а на места се очекува и град.

СОНЦЕ, А ПОТОА НЕВРЕМЕ Македонија ја очекуваат дожд, грмежи и град
Фото: Национал

Денеска времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Температурата ќе се движи во интервал од 8 до 28 степени. Во попладневните часови локално се очекуваат врнежи од дожд и засилен ветер.

На места ќе има услови за развој на нестабилност и невреме, проследено со пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во делови од котлината попладне ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

CATEGORIES
Share This