СОМНИТЕЛНА ПРАТКА Двајца Косовари со пари вредни 230.000 евра фатени во „голф“
Полицијата во „голф“ пронашла евра, долари, франци и фунти во различни апоени

Двајца државјани на Косово се лишени од слобода во Скопје под сомнение дека сториле кривично дело „фалсификување пари“, соопшти Министерството за внатрешни работи. На 3 август, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле Ф.Р. (30) и Т.Т. (44), двајцата државјани на Република Косово.
При преглед на возило „голф“, во кое се наоѓале осомничените, полицајците пронашле поголема количина пари во различни валути – евра, американски долари, швајцарски франци и британски фунти. Според проценките, вкупната вредност на пронајдените пари изнесува околу 230.000 евра. Парите биле одземени, а двајцата приведени биле спроведени во Полициската станица Центар за понатамошна постапка.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот, а во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

