СМРТОНОСНИ ИНЦИДЕНТИ НА МОНБЛАН Двајца планинари и скијач го загубија животот
Несреќите се случиле на француско-италијанската граница и на глечерот Бренва.

Фото: Принтскрин
Во трагедијата на Монблан загинаа двајца планинари – маж и жена откако врз нив се урна карпа од гребенот Куфнер, кој се наоѓа на границата меѓу Франција и Италија, објави францускиот весник „Ле Фигаро“.
Во одделен инцидент на глечерот Бренва, на италијанската страна од Монблан, животот го загубил локален скијач кога врз него паднала голема снежна маса.
Во спасувачките акции биле вклучени француски и италијански тимови, кои учествувале во пребарувањето и извлекувањето на настраданите.
CATEGORIES Магазин


