СКОПЈЕ СИНОЌА ГОРЕШЕ ОД КУБАНСКИ РИТАМ – Џез сензација од светска класа

Ќе се случи музичка магија во Скопје и сите очи вперени во Националната опера и балет.

СКОПЈЕ СИНОЌА ГОРЕШЕ ОД КУБАНСКИ РИТАМ – Џез сензација од светска класа
Фото: Принтскрин

Националниот џез оркестар синоќа во Националната опера и балет го одржа концертот „Cuban Jazz Explosion“, на кој настапи кубанскиот музичар со светска кариера Ален Перез заедно со неговата осумчлена ритам-секција „La Orquesta“. Настанот е дел од европската турнеја „La Fiesta Tour“, која носи автентична кубанска музичка енергија на големите европски сцени.

Концертот понуди спој на салса, тимба и џез, со вечер исполнета со ритам, страст и врвни изведби. Перез е мултиинструменталист, пејач, композитор и продуцент со меѓународна кариера, а светска препознатливост стекна како член на легендарниот состав „Irakere“, како и преку соработката со фламенко виртуозот Пако де Лусија.

Во текот на својата кариера, тој има соработувано со голем број врвни светски музичари, создавајќи препознатлив стил што ги спојува салсата, тимбата, џезот и фламенкото во енергична музичка целина.

Добитник е на наградите „Греми“ и „Латино Греми“, а денес важи за еден од најзначајните претставници на современата афро-кубанска музика.

CATEGORIES
Share This