СКОПЈЕ СТАНУВА ЛУКСУЗ – Еве колку чини квадрат денес, а колку чинеше пред 5 години

Во 2019 година квадратот во Скопје чинел 750–800 евра, а денес се движи од 1.500 до 2.400 евра, со просек од 2.144 евра во 2026 година.

СКОПЈЕ СТАНУВА ЛУКСУЗ – Еве колку чини квадрат денес, а колку чинеше пред 5 години
Фото: Национал

Во 2019 година, според Државниот завод за статистика, цената на квадратен метар во Скопје изнесувала околу 750-800 евра, а и најатрактивните локации не надминувале 1.000 евра.

Денес, пазарот на недвижности е значително поскап. Во центарот на Скопје цените се движат од 2.100 до 2.400 евра за квадрат, додека во другите населби се меѓу 1.500 и 1.800 евра. Просечната цена на 30 март 2026 година изнесувала 2.144 евра, со годишен раст од над 17%.

И покрај најавите за државна интервенција преку изградба на станови, ефектот е ограничен, бидејќи се планираат само 255 нови комерцијални станови, наспроти над 1.000 што ги гради приватниот сектор.

Народната банка воведе построги услови за кредитирање, но и олеснувања за првократни купувачи. Сепак, ефектите од мерките сè уште се рани.

Пазарот останува активен со над 33.000 трансакции во 2025 година и вкупна вредност од 1,14 милијарди евра. Иако бројот на продажби благо опаѓа, цените продолжуваат да растат, а во делови од Скопје како што е населба Аеродом најскапо продадениот стан достигнува рекордно ниво до 3.784 евра за квадрат.

CATEGORIES
TAGS
Share This