МИЛОСТ ИЛИ СТРАТЕГИЈА – Трамп му дозволи на Путин да продава нафта

Привремено олеснување на санкциите за руската нафта предизвикува нови реакции во Европската Унија.

МИЛОСТ ИЛИ СТРАТЕГИЈА – Трамп му дозволи на Путин да продава нафта
Фото: Принтскрин

Администрацијата на Трамп во вторникот го продолжи за уште еден месец исклучокот од забраната за купување санкционирана руска нафта и нафтени деривати транспортирани по море. Оваа одлука, според британските медиуми, има за цел да спречи дополнителен раст на глобалните цени на енергијата, кои неодамна достигнаа рекордни нивоа поради воениот конфликт меѓу САД и Израел против Иран.

Американското Министерство за финансии дозволи увоз на нафта натоварена на бродови во периодот од 17 април до 16 мај, продолжувајќи ја претходната мерка што истече на 11 април. Одлуката е објавена на веб-страницата на Министерството.

Ова продолжување доаѓа само два дена откако американскиот министер за финансии Скот Бесант изјави дека САД нема да го обноват ослободувањето кое им овозможува на одредени земји да купуваат руска нафта без ризик од санкции.

Пратеникот на рускиот претседател Владимир Путин, Кирил Дмитриев, претходно наведе дека ова исклучување би можело да ослободи околу 100 милиони барели руска сурова нафта, што речиси одговара на дневното глобално производство.

Иако ваквата мерка би можела да ја зголеми понудата на глобалниот пазар, цените на горивата продолжија да растат поради делумното затворање на Ормускиот теснец, преку кој пред кризата се транспортираше околу 20% од светскиот извоз на нафта и гас.

Според оценките на западни медиуми, ваквото привремено олеснување може да ги отежни напорите на Западот да ги намали приходите на Русија од енергетскиот сектор, а истовремено да предизвика и несогласувања со сојузниците. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, порача дека во моментов не е вистинско време за ублажување на санкциите кон Русија.

CATEGORIES
TAGS
Share This