СКОПЈАНИ, ВНИМАНИЕ Повеќе улици денеска остануваат без вода, а дел и без струја

Повеќе скопски улици остануваат без вода поради дефект и работи на водоводната мрежа

СКОПЈАНИ, ВНИМАНИЕ Повеќе улици денеска остануваат без вода, а дел и без струја
Фото: Принтскрин

Поради поврзување на старата со новата водоводна мрежа на крстосницата меѓу улиците „Софиска“ и „Петар Драганов“, денеска од 9:30 часот без вода ќе останат корисниците од улиците „Софиска“, „Бриселска“, „Његошева“, „Копенхагенска“, „Петар Драганов“ и „Гаврил Лесновски“.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот во водоснабдувањето ќе трае до завршување на планираните активности.

Во меѓувреме, поради дефект на водоводна цевка со пречник од 200 милиметри на крстосницата меѓу улицата „Ѓорче Петров“ и булеварот „Македонска војска“, од 7:40 часот без вода се дел од корисниците на улицата „Ѓорче Петров“, булеварот „Македонска војска“, како и улиците „Виа Игнатиа“, „Мице Козар“, „Стоби“, „Александар Мартулков“, „Крсте Гермов-Шакир“ и дел од улицата „Шидска“.

Од ЕВН Македонија, пак, информираат дека денеска од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на патот кон Долно Лисиче, на потегот кај „Трејд“, „Делта МКС“ и „Про авто маркет“.

Прекините во водоснабдувањето и снабдувањето со електрична енергија ќе траат во наведените временски интервали, односно до завршување на интервенциите.

CATEGORIES
Share This