СКАНДАЛ ВО ЗДРАВСТВОТО – Мицкоски откри злоупотреби што „го јадат“ системот

Мицкоски алармира за злоупотреби и нерационално трошење во здравствениот систем.

СКАНДАЛ ВО ЗДРАВСТВОТО – Мицкоски откри злоупотреби што „го јадат“ системот
Фото: Принтскрин

Премиерот Христијан Мицкоски најави значајни промени во здравствениот систем, нагласувајќи дека Владата спроведува реформи кои, според него, не биле преземени со децении, меѓу кои и проширување на позитивната листа на лекови.

Тој истакна дека во наредниот период се очекуваат нови лекови да бидат вклучени на позитивната листа, што би донело подобар пристап до терапија за граѓаните.

Мицкоски упати и апел за поголема одговорност кон здравствениот систем, предупредувајќи на злоупотреби и нерационално трошење на ресурсите. Според него, ваквите практики го оптоваруваат системот и ја намалуваат неговата ефикасност.

„Ние како влада ќе сториме сè што е во наша моќ да ги заштитиме интересите на граѓаните и државата, но очекуваме такво однесување буквално од сите, затоа што ние не можеме да се однесуваме како поединци, не велам дека тоа е пракса, во здравството се однесуваат да речеме, се пишуваат дежурства итн. за 31 ден работен во февруари, со 24 часа работа, а истовремено да очекуваме да вложуваме во здравството. Така што ќе треба и ние многу повеќе да водиме сметка за општиот интерес и интересот на граѓаните“, рече Мицкоски.

CATEGORIES
Share This