СИТЕ НА ДНОТО – Бруталната порака на Трамп предизвика паника

Секој брод што поставува мини ќе биде веднаш таргетиран и уништен.

СИТЕ НА ДНОТО – Бруталната порака на Трамп предизвика паника
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп издаде наредба до американската морнарица да ги таргетира и уништи сите бродови на Иранската револуционерна гарда што поставуваат мини во Хормутскиот теснец.

Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп нагласи дека не смее да има никакво двоумење во спроведувањето на оваа наредба. Тој посочи дека американските миночистачи веќе се активни во регионот и дека нивната работа треба да продолжи со тројно зголемен интензитет.

Според неговата изјава, секој брод што претставува закана преку поставување мини треба веднаш да биде уништен, со цел да се обезбеди безбедноста на поморскиот сообраќај во теснецот.

CATEGORIES
TAGS
Share This