СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО АВГАНИСТАН – 20 лица загинаа, 320 се повредени
Потресот, со епицентар во Холм близу Мазар-е-Шариф, бил на длабочина од 28 километри, јави УСГС.

Во земјотресот што синоќа го погоди северен Авганистан, во провинциите Балк и Саманган загинаа 20 лица, а 320 се повредени, соопшти Министерството за здравство.
Потресот, со епицентар во Холм близу Мазар-е-Шариф, бил на длабочина од 28 километри, јави УСГС. Оштетена е и прочуената Сина џамија од 15 век, а земјотресот се почувствувал дури до Кабул. Авганистан често е погоден од вакви потреси поради спојот на евроазиската и индиската тектонска плоча.
CATEGORIES Свет


