СИЉАНОВСКА – ДАВКОВА ВО СОФИЈА Дали почнува ново поглавје во односите со Бугарија

Билатерални средби со претставници од Бугарија и Косово на маргините на самитот.

СИЉАНОВСКА – ДАВКОВА ВО СОФИЈА Дали почнува ново поглавје во односите со Бугарија
Фото: Архива Национал

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Софија учествува на Самитот на шефови на држави и влади во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), посветен на 30-годишнината од иницијативата.

Таа ќе се обрати на пленарната сесија на тема „Компас кон стабилност, безбедност и одржливост“, а на маргините ќе има билатерални средби со претставници од Бугарија и Косово. Во фокусот на самитот се европската перспектива на регионот, регионалната соработка, безбедноста и економската интеграција.

Северна Македонија од денеска го презема претседавањето со ПСЈИЕ под мотото „Премостување на поделбите, градење доверба“, а Бугарија го завршува своето претседавање и го предава на Романија.

На состанокот учествуваат лидери и претставници од земјите од Југоисточна Европа, а се очекува усвојување заедничка декларација за мир, стабилност и европска интеграција.

CATEGORIES
Share This