ШВАЈЦАРСКИ ИСТОРИЧАР СО ПОФАЛБИ ЗА ВУЧИЌ Само Тито умееше вака да балансира меѓу големите сили
Оливер Јенс Шмит оценува дека српскиот претседател е исклучително вешт во балансирањето меѓу различните светски сили и во заштитата на интересите на Србија.

Швајцарскиот историчар Оливер Јенс Шмит, професор по историја на Источна Европа на Универзитетот во Виена и познат експерт за социјалната и културната историја на Југоисточна Европа, во интервју за швајцарскиот весник „Ноје Цирхер Цајтунг“ (NZZ) ја оцени како успешна надворешната политика на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Шмит посочи дека Вучиќ покажува голема вештина во балансирањето меѓу различните големи светски сили, при што, според него, Србија успева да ги штити и остварува сопствените интереси.
Според швајцарскиот историчар, ваква политика на балансирање меѓу големите сили во европски контекст била карактеристична и за поранешниот југословенски лидер Јосип Броз Тито.
Шмит оцени дека меѓу европските лидери, токму Тито бил еден од ретките што успешно успевале да одржуваат ваков специфичен баланс во односите со големите сили.

