ШТО СЛЕДУВА СЕГА Јакимовски осуден, но клучниот дел од случајот се враќа на почеток

Апелациониот суд ја потврди пресудата за „бесправно градење“ и изрече една година затвор.

ШТО СЛЕДУВА СЕГА Јакимовски осуден, но клучниот дел од случајот се враќа на почеток
Фото: Принтскрин

Апелациониот суд ја потврди првостепената пресуда со која поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, е осуден на една година затвор за кривично дело „бесправно градење“.

Во изречената казна ќе се засмета и времето што го поминал во куќен притвор, од март до август.

Во однос на обвинението за „злоупотреба на службената положба и овластување“, жалбата на Јакимовски е прифатена и предметот е вратен на повторно судење. Судот посочува дека делото се однесува на периодот од 2011 до 2017 година и дека постои можност за застарување на случајот во текот на 2027 година.

ДАЛИ СОТИР ЛУКРОВСКИ ГО ПРЕКРШИЛ ЗАКОНОТ Тешки обвинувања од Стевчо Јакимовски

CATEGORIES
Share This