ШТО ИМА ВО ВОДАТА ШТО ЈА ПИЈАТ СКОПЈАНИ Резултатите од 42 примероци се објавени

Од 42 земени примероци од водоводната мрежа, сите ги поминале физичко-хемиските и микробиолошките анализи.

ШТО ИМА ВО ВОДАТА ШТО ЈА ПИЈАТ СКОПЈАНИ Резултатите од 42 примероци се објавени
Фото: Национал

Скопјани можат безбедно да ја пијат водата од градскиот водовод. Последните анализи потврдуваат дека водата што преку водоснабдителниот систем стигнува до домаќинствата, компаниите и институциите во Скопје е исправна и ги исполнува сите пропишани стандарди за квалитет и безбедност.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека во вторникот е спроведен редовен дневен мониторинг на квалитетот на водата. Екипите од Секторот за санитарна контрола земале вкупно 42 примероци од различни точки на водоводната мрежа во градот, од кои три биле од бунарскиот потег Нерези – Лепенец.

Сите примероци биле испитани преку физичко-хемиски и микробиолошки анализи во акредитираните лаборатории на Секторот за санитарна контрола.

Резултатите покажале дека испитаните примероци од системот за водоснабдување во Скопје ги исполнуваат барањата за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Од ЈП „Водовод и канализација“ нагласуваат дека контролите на квалитетот продолжуваат секојдневно, со цел граѓаните да имаат безбедна и квалитетна вода директно од своите чешми.

CATEGORIES
Share This