ПОРАКА ОД ТЕХЕРАН – САД сакаа да го скршат Иран, но си направија проблем сами на себе

Иранскиот парламент го обвини Вашингтон дека стратегијата против Техеран му се вратила како бумеранг, додека цената на нафтата повторно надмина 100 долари за барел.

ПОРАКА ОД ТЕХЕРАН – САД сакаа да го скршат Иран, но си направија проблем сами на себе
Фото: Принтскрин

Претседателот на иранскиот парламент и главен преговарач на Техеран, Мохамед Багер Калибаф, оцени дека американската стратегија насочена кон ослабување на способноста на Иран да го контролира Хормускиот теснец се претворила во бумеранг за САД.

„Тие сакаа да го казнат Иран. Наместо тоа, се казнија себеси со трицифрена цена на нафтата. Стратегијата – чиста десетка“, напиша Калибаф на платформата „Икс“.

Неговата изјава доаѓа во период на растечки тензии на Блискиот Исток, откако цената на суровата нафта „Брент“ привремено надмина 100 долари за барел. Дополнителен притисок врз енергетските пазари предизвика и нападот на јеменските Хути врз два саудиски танкери за нафта.

Конфликтот меѓу САД, Израел и Иран веќе предизвика сериозни последици врз глобалниот енергетски пазар и ја зголеми загриженоста за понатамошен раст на цените на нафтата.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) претходно ја намали прогнозата за раст на светската економија, оценувајќи дека конфликтот ќе предизвика „умерено забавување“. Проекцијата за глобалниот економски раст беше ревидирана од 3,1 на 3,0 проценти.

CATEGORIES
Share This