НЕМА ЧЕКАЊЕ НА ГРАНИЦИТЕ, НО АМСМ ПРЕДУПРЕДУВА На овие патни правци возете особено внимателно
Сообраќајот се одвива по суви коловози, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта низ Македонија се одвива непречено по суви коловози, информираат од АМСМ.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна во моментов нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата.
Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината на движење на условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат внимателно, особено на делниците низ котлини, речни долини и клисури, каде што постои можност од појава на одрони.
Посебна претпазливост се препорачува на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Воедно, АМСМ потсетува дека од 15 април патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица е повторно отворен за сообраќај за сите видови возила со вкупна маса до 3,5 тони.


