ШЕСТ МАЛОЛЕТНИЦИ ПРИВЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ Еден користел остар предмет при разбојништво

Групата се сомничи дека ограбила малолетник и се обидела да ограби уште еден. МВР најави кривични пријави.

ШЕСТ МАЛОЛЕТНИЦИ ПРИВЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ Еден користел остар предмет при разбојништво
Фото: Принтскрин

Шест малолетници од Скопје синоќа биле лишени од слобода од полициски службеници од СВР Скопје.

Според МВР, тие се сомничат дека со закана, при што еден од нив употребил и остар предмет, од еден малолетник одзеле пари, а од друг се обиделе да одземат пари.

По целосното документирање на случајот, Единиците за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесат кривични пријави за „разбојништво“ и „разбојништво во обид“.

CATEGORIES
Share This