САНЧЕЗ РАСПИША ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ Шпанија на гласање на 29 ноември

Одлуката на премиерот уследи три дена по поразот во парламентот, каде беа отфрлени владините мерки за домување.

САНЧЕЗ РАСПИША ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ Шпанија на гласање на 29 ноември
Фото: Принтскрин

Шпанскиот премиер Педро Санчез распиша предвремени парламентарни избори за 29 ноември 2026 година, откако неговата влада во петокот претрпе пораз во Конгресот со отфрлањето на два декрета поврзани со кризата со домувањето.

Во вонредното обраќање Санчез ја обвини опозицијата за блокирање на владините политики, посочувајќи дека мерките биле насочени кон решавање на проблемите со домувањето.

„Сакам да се заблагодарам на дарежливоста на другите парламентарни сили и да му се заблагодарам на социјалното мнозинство што го покажа најдоброто од себе“, изјави Санчез.

Тој додава дека знае дека тоа мнозинство со негодување гледа на случувањата во Конгресот.

Изборите се одржуваат значително порано од редовниот рок, кој беше предвиден за 2027 година.

CATEGORIES
Share This