СЕПАК ИМАЛО ТЕПАЧКА ВО СОБЛЕКУВАЛНАТА НА РЕАЛ – 500.000 евра казна за тепачите

Реал Мадрид тврди дека соиграчите се извиниле еден на друг.

СЕПАК ИМАЛО ТЕПАЧКА ВО СОБЛЕКУВАЛНАТА НА РЕАЛ – 500.000 евра казна за тепачите
Фото: Принтскрин

Фудбалерите на Реал Мадрид, Федерико Валверде и Орелијан Чуамени, се санкционирани од клубот со парични казни од по 500.000 евра поради инцидент во соблекувалната.

Според информациите, по настанот Валверде завршил во болница со повреда на главата и ќе го пропушти „Ел Класико“, каде што Барселона со победа би можела да ја осигура титулата. Уругваецот, сепак, тврди дека се повредил откако удрил со главата во маса, додека клубот негира детали околу точниот тек на инцидентот.

Казната што ја изрече Реал се смета за доказ дека дошло до физички конфликт меѓу двајцата играчи, иако официјално клубот само потврди дека е спроведена дисциплинска постапка.

Во официјално соопштение, Реал Мадрид наведе дека Валверде и Чуамени се појавиле пред дисциплинското тело на клубот, изразиле жалење за случувањата и си подале меѓусебни извинувања.

Од клубот додаваат дека покрај паричната казна, не се изречени дополнителни санкции, па двајцата формално остануваат на располагање на тренерот Алваро Арбелоа до крајот на сезоната. Сепак, Чуамени ќе биде надвор од терените од 10 до 14 дена, додека состојбата со Валверде дополнително ја комплицира атмосферата пред клучниот натпревар.

ТЕПАЧКА ВО СОБЛЕКУВАЛНА – Реал отвори итна истрага, Валверде заврши во болница

CATEGORIES
Share This