СЕМЕЕН ПЕКОЛ ВО СКОПЈЕ Закани дека ќе ги убие сите, обвинителството бара притвор

Во инцидентот повредени сопругата, нејзината мајка и еден од роднините.

СЕМЕЕН ПЕКОЛ ВО СКОПЈЕ Закани дека ќе ги убие сите, обвинителството бара притвор
Фото: Принтскрин

Основното јавно обвинителство Скопје покрена постапка против 36-годишен маж, поради основано сомнение дека сторил повеќе кривични дела, меѓу кои телесна повреда по член 130 став 2 во врска со став 1, загрозување на сигурноста по член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и предизвикување општа опасност по член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Според обвинението, синоќа околу полноќ во семејниот дом во Скопје, осомничениот извршил семејно насилство, при што физички ги повредил сопругата и нејзината мајка.

Во текот на инцидентот, тој започнал да вика и да упатува закани кон сопругата и нивните две малолетни деца на возраст од 6 и 4 години. Кога таа се обидела да го смири, ја фатил за рака и ја оттурнал, при што ѝ нанел телесни повреди.

Потоа осомничениот почнал да ја уништува покуќнината и со клуб маса замавнал кон мајката на сопругата, нанесувајќи ѝ повреди на ногата и во пределот на градниот кош. Дополнително упатувал сериозни закани по живот, вклучително и дека ќе ги убие сите присутни и дека ќе го задави сопственото дете, а во еден момент извадил нож и со него замавнувал, предизвикувајќи силен страв и чувство на загрозеност кај жртвите.

По повик од сопругата, на местото пристигнале нејзиниот брат и татко, кон кои осомничениот исто така упатувал закани со нож. Во инцидентот бил вклучен и неговото куче од расата шарпланинец, кое било пуштено во дворот и го каснало еден од присутните, нанесувајќи му рани на надлактицата и потколеницата.

Поради постоење околности што укажуваат на ризик од бегство, како и опасност од повторување на делото, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор.

CATEGORIES
Share This