ГОЛЕМИ ПЛАНОВИ ЗА СКОПЈЕ Дали ова е почеток на нова културна ера

Кино „Милениум“, МКЦ и библиотеката „Браќа Миладиновци“ целосно се обновуваат.

ГОЛЕМИ ПЛАНОВИ ЗА СКОПЈЕ Дали ова е почеток на нова културна ера
Фото: Принтскрин

Со ребалансот на Буџетот на Град Скопје за 2026 година се обезбедуваат средства за реализација на неколку значајни капитални проекти во главниот град, со посебен фокус на подготовките за кандидатурата за „Европска престолнина на културата“ во 2028 година.

Планирана е целосна реконструкција на култното кино „Милениум“, библиотеката „Браќа Миладиновци“ и Планетариумот во МКЦ, со што се очекува значително унапредување на културната инфраструктура на Скопје.

Предлог-измените, кои ги достави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, се разгледуваат на 14-та седница на Советот на Град Скопје. Освен инвестициите во културата, ребалансот опфаќа и средства за проекти во урбаното планирање, локалниот економски развој, комуналните услуги, спортот, образованието и екологијата, со цел порамномерен развој на градот.

CATEGORIES
Share This