СЕ ЗНАЕЛО КОГА СЛЕТУВААТ Навивачите на Хајдук дочекани со жестока пресметка во Загреб

Масовна тепачка на паркингот на аеродромот „Фрањо Туѓман“ ги шокирала присутните

СЕ ЗНАЕЛО КОГА СЛЕТУВААТ Навивачите на Хајдук дочекани со жестока пресметка во Загреб
Фото: Принтскрин

Ужасни сцени се случуваа на аеродромот „Фрањо Туѓман“ во Загреб, каде дошло до масовна тепачка меѓу навивачи на Динамо Загреб и Хајдук Сплит.

Според информациите од настанот, инцидентот се случил на паркингот на аеродромот во моментите кога навивачите на Хајдук се враќале од Литванија, каде што сплитскиот клуб оствари убедлива победа од 5:2 во квалификациите за Лигата на Европа.

Се претпоставува дека дел од навивачите на Динамо биле однапред информирани за враќањето на сплиќани и го организирале нападот токму во тој период.

Тепачката била жестока, а сцените на аеродромот предизвикале вознемиреност кај останатите патници и присутни кои се нашле во близина.

Наместо спортски ривалитет на трибините, конфликтот повторно се прелеа надвор од стадионот, создавајќи непријатни и вознемирувачки сцени пред очите на бројни патници.

CATEGORIES
Share This