СЕ ТРЕСЕ АТЛЕТИКО Алварез удри со ултиматум – Барселона чека расплет

Аргентинската ѕвезда е бесна поради променетиот став на клубот околу неговата иднина, а Барселона внимателно ја следи драмата и чека шанса за трансфер.

СЕ ТРЕСЕ АТЛЕТИКО Алварез удри со ултиматум – Барселона чека расплет
Фото: Принтскрин

Сагата околу иднината на Хулијан Алварез добива нова димензија. Аргентинскиот напаѓач наводно е сериозно разочаран од раководството на Атлетико Мадрид, откако клубот јавно порача дека тој не е на продажба, иако претходно му било ветено дека нема да му создава пречки доколку одлучи да побара нов предизвик.

Челниците на Атлетико пред неколку дена испратија јасна порака дека Алварез нема да го напушти клубот, особено не во корист на директен ривал како Барселона. Токму вмешувањето на каталонскиот гигант дополнително ја вжештило ситуацијата.

Проблемите започнале непосредно пред Светското првенство, кога Алварез јавно признал дека сака промена и дека размислува за заминување од Мадрид. Оваа изјава предизвикала незадоволство кај луѓето во Атлетико, кои сметаат дека Барселона се обидува да изврши притисок преку самиот фудбалер.

Сепак, најголемата причина за револтот на аргентинската ѕвезда е наводното ветување што го добил од клубот на почетокот од годината. Според информациите, тогаш му било гарантирано дека нема да му биде блокирана желбата за трансфер доколку одлучи дека е време за нова средина.

Откако Барселона официјално се вклучила во трката за неговиот потпис, ставот на Атлетико наводно се променил, што дополнително го налутило напаѓачот. Алварез смета дека клубот не го почитува договореното и дека преку јавни изјави се обидува одговорноста за целата ситуација да ја префрли врз него и врз Барселона.

Според „ЕСПН“, аргентинскиот репрезентативец веќе испратил остро предупредување до раководството на Атлетико, најавувајќи дека може да одбие да тренира со тимот доколку клубот не го исполни ветувањето.

„Доколку продолжи оваа непотребна драма и не го испочитувате она што ми го ветивте, нема да тренирам со тимот кога ќе се вратам во Мадрид“, наводно бил ставот на Алварез.

Напаѓачот е подготвен да истрае во својот став, дури и ако тоа значи период надвор од тимот, бидејќи смета дека тој е оштетен во целиот спор. Во Атлетико не очекувале толку цврста реакција од својата ѕвезда, а конечната одлука се очекува по завршувањето на Светското првенство. Во меѓувреме, Барселона внимателно ја следи ситуацијата и е подготвена да реагира доколку се појави можност за ангажман на еден од најбараните напаѓачи во светот.

ТЕНЗИЧНО ВО МАДРИД Алварез се чувствува предаден, Атлетико одбива да го пушти

CATEGORIES
Share This