ИРА И САД НА РАБ НА ВОЈНА Дрон собори „Апачи“, следува одмазда

Инцидент во близина на Ормутскиот теснец ја зголемува тензијата меѓу САД и Иран.

ИРА И САД НА РАБ НА ВОЈНА Дрон собори „Апачи“, следува одмазда
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја минимизираше сериозноста на инцидентот во кој американски воен хеликоптер „Апачи“ AH-64 беше соборен во близина на Ормутскиот теснец по напад со ирански дрон.

„Не беше голема работа“, изјави Трамп, според објавата на Wall Street Journal.

Тој додава дека пилотот е во добра состојба и дека околностите околу настанот се „многу поинакви од тоа што јавноста го мисли“, без да открие дополнителни детали.

Според претходни информации, хеликоптерот бил погоден од ирански беспилотен авион „Шахид“, по што се урнал во близина на Хормутскиот теснец. Централната команда на САД (CENTCOM) соопшти дека двајцата пилоти биле спасени во рок од околу два часа и се во стабилна состојба.

Првично, Трамп најави дека американската војска ќе одговори на нападот, но подоцна иранската страна ги отфрли обвинувањата и порача дека странските воени сили во регионот претставуваат ризик за безбедноста.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави дека Ормутскиот теснец не може да се третира како меѓународни води и дека Иран и Оман имаат надлежност во областа. Тој нагласи дека Иран преферира дипломатија, но и дека има капацитет да одговори на секоја агресија.

Подоцна, CENTCOM соопшти дека САД започнале „напади за самоодбрана“ како одговор на инцидентот, опишувајќи го како пропорционален одговор на, како што наведуваат, иранска агресија.

ТЕХЕРАН СЕ ЗАКАНУВА Хормутскиот теснец е наш, Американците да си одат веднаш или…

CATEGORIES
Share This