СДСМ НА ИСТОРИСКИ КОНГРЕС Се крои новата иднина на партијата

Делегатите ќе работат во шест програмски групи, по што документите ќе бидат усвоени во конечна верзија.

СДСМ НА ИСТОРИСКИ КОНГРЕС Се крои новата иднина на партијата
Фото: Принтскрин

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска во Скопје го одржува својот 32. Конгрес, на кој во фокусот ќе биде усвојувањето на новата идеолошка платформа и програмска рамка на партијата. Станува збор за стратешки документи кои треба да ги постават идните политички приоритети и насоки на СДСМ.

Од партијата информираат дека Конгресот ќе се одвива во два сегмента, отворен и работен дел. Во рамки на отворениот дел пред делегатите ќе се обрати претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

По воведните обраќања ќе следува работниот дел, во кој делегатите ќе бидат распределени во групи според шест програмски столбови. Во тие работни сесии ќе се разгледуваат, дополнуваат и финализираат предложените документи, по што тие ќе бидат ставени на усвојување во нивната конечна форма.

CATEGORIES
Share This