САРКАСТИЧЕН УДАР ОД ПЕП – Додека светот гледа ПСЖ-Баерн, тој гледал нешто друго

Шпанскиот стратег со остри и иронични коментари за дуелот кој ја „запали“ Лигата на шампионите.

САРКАСТИЧЕН УДАР ОД ПЕП – Додека светот гледа ПСЖ-Баерн, тој гледал нешто друго
Фото: Принтскрин

Иако поминаа три дена, натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Баерн Минхен, кој заврши со неверојатни 5:4, и понатаму е главна тема во фудбалските кругови. Многумина го оценуваат како еден од највозбудливите натпревари на сите времиња.

Не изостана ниту реакцијата на Пеп Гвардиола, кој со дозa сарказам коментираше на целиот настан. Интересно е што за време на натпреварот тој следел и дуел од пониските англиски лиги.

„Видов дека доаѓа тој натпревар и си помислив ужасен меч. Луис и Винсент се лоши тренери, а нивните играчи се… не на нивото. Јас, пак, го сакам англискиот фудбал, па го гледав Стокпорт“, изјави Гвардиола со иронија.

Подоцна откри и дека не ги следел најдобрите моменти од дуелот во Лигата на шампионите:

„Не, го гледав целиот натпревар кога се вратив дома по мечот меѓу Стокпорт и Порт Вејл, со чаша добро вино.“

На прашањето дали смета дека натпреварот бил одличен поради големиот број голови, Гвардиола одговори:

„Да, но тоа е фудбал, тоа е убавината. Секој има свое гледиште. Јас, на пример, сум поубав од тебе“, додаде тој во свој препознатлив саркастичен стил.

CATEGORIES
Share This