САМО ШТО ПОЧНАА, ПРЕГОВОРИТЕ ПРЕКИНАТИ Трамп се закани, Иранската делегација веднаш си замина од разговорите
Иранската делегација ја напушти средбата во Швајцарија по новите американски закани.

Иранската делегација денеска ги напушти преговорите со Соединетите Американски Држави што се одржуваа во Швајцарија, во знак на протест поради заканите упатени од американскиот претседател Доналд Трамп, јави иранската агенција Тасним, повикувајќи се на извор близок до преговарачкиот тим.
Според истиот извор, изјавите на Трамп сериозно го нарушиле текот на разговорите и го довеле во прашање нивното продолжување. Иранската државна телевизија објави дека на средбата биле разгледувани можности за прекин на конфликтите во регионот, вклучително и состојбата во Либан, но Техеран останува на ставот дека нема да отвора други теми сè додека не заврши војната во таа земја.
Тензиите дополнително се зголемија откако Трамп предупреди дека САД би можеле да преземат нови воени акции против Иран доколку Техеран не изврши притисок врз своите сојузници во Либан. Заканите беа упатени во момент кога иранската и американската делегација учествуваа на разговори со посредство на Пакистан и Катар во швајцарското одморалиште Биргеншток.
Претседателот на иранскиот парламент и главен преговарач Мухамед Багер Калибаф остро реагираше на американските пораки, оценувајќи дека Иран не им придава значење на заканите од Вашингтон.
„Американците треба внимателно да ги бираат своите зборови. Нашите вооружени сили се подготвени да одговорат на секоја закана“, изјави Калибаф.
Тој додава дека иранските институции ќе продолжат да ги спроведуваат своите одлуки без оглед на американската реторика.
Во меѓувреме, според локалните власти во Либан, од потпишувањето на договорот меѓу Иран и САД досега загинале 47 лица, додека либанското движење Хезболах соопшти дека убило пет израелски војници.
Првата рунда разговори меѓу Техеран и Вашингтон заврши денеска, а иднината на преговарачкиот процес засега останува неизвесна.
НОВА БУРА НА БЛИСКИОТ ИСТОК Трамп му постави црвена линија на Иран


