САМИ ПРОТИВ СИТЕ Мицкоски по поразот во Брвеница удри по националната карта и „тројанците“

Порача дека Владата ќе продолжи да ги поддржува сите жители на Брвеница, без оглед на тоа за кого гласале.

САМИ ПРОТИВ СИТЕ Мицкоски по поразот во Брвеница удри по националната карта и „тројанците“
Фото: Принтскрин

„Сами против сите. Ние со изборна програма и концепт, тие со поддршката на демографијата, националната карта и по некој тројанец за одвлекување на гласови“. Ова е реакцијата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по изборниот пораз на партискиот кандидат Стојанчо Радичевски во вториот круг од предвремените локални избори во Брвеница.

Победата му припадна на кандидатот на ДУИ, Аркин Јахији, кој освои 4.442 гласа, наспроти 4.177 за Радичевски.

И покрај поразот, Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ забележала значителен раст на поддршката во споредба со претходните изборни циклуси, но призна дека тоа не било доволно за победа.

„Сепак, растот на гласови од првиот круг е јасен и чист, од 3.000 на 4.200, а во однос на парламентарните избори имаме раст од 1.300, но за жал недоволно за целосна победа“, порача Мицкоски.

Тој им се заблагодари на сите жители на Брвеница, и на оние што гласале за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и на оние што не го поддржале, упатувајќи порака дека Владата нема да прави разлика меѓу граѓаните според нивниот избор.

„Благодарам на сите жители на Брвеница што гласаа за нас и на тие што не гласаа. Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата. Една Брвеница за сите е повеќе од концепт, тоа е начин на работа“, изјави Мицкоски.

CATEGORIES
TAGS
Share This