РАДЕВ ДОБИВА МОЌЕН СОЈУЗНИК НА ВРВОТ НА ДРЖАВАТА Јотова убедливо победи

Паралелното пребројување на „Алфа рисрч“ ѝ дава на Илијана Јотова дури 57,4 отсто од гласовите, наспроти 39,6 проценти за прозападниот кандидат Андреј Ѓуров.

РАДЕВ ДОБИВА МОЌЕН СОЈУЗНИК НА ВРВОТ НА ДРЖАВАТА Јотова убедливо победи
Фото: Принтскрин

Илијана Јотова е победничка на претседателските избори во Бугарија и ќе стане првата жена на претседателската функција во земјата, покажуваат резултатите од паралелното пребројување на агенцијата „Алфа рисрч“, објавени од Бугарската национална телевизија (БНТ).

Според целосно обработениот примерок, со пресек до 20 часот по бугарско време, кандидатската двојка Илијана Јотова – Кирил Влчев освоила 57,4 отсто од гласовите. Нивните противници, Андреј Ѓуров и Георги Кандев, добиле 39,6 проценти.

Разликата меѓу двете кандидатски двојки изнесува значителни 17,8 процентни поени. Три проценти од гласачите се определиле за опцијата „не поддржувам никого“.

И излезните анкети на „Алфа рисрч“ и „Мјара“ претходно ѝ предвидуваа победа на Јотова, но со помала разлика во однос на Ѓуров. Според првичните процени, Јотова имала околу 52 проценти, додека нејзиниот противкандидат добил поддршка од околу 44 проценти.

Во првиот круг Јотова имаше предност од 2,8 процентни поени пред Ѓуров, но излезноста беше исклучително ниска и изнесуваше само 23 проценти. Вториот круг донесе убедливо поголема разлика во нејзина корист.

Јотова беше вршител на должноста претседателка откако Румен Радев поднесе оставка за да се кандидира за премиер. Таа важи за политичка сојузничка на Радев, кој е познат по своите проруски политички позиции.

Сепак, треба да се има предвид дека резултатите на „Алфа рисрч“ се од паралелно пребројување и не претставуваат официјални конечни резултати на бугарската Централна изборна комисија. Делумните официјални резултати се очекуваат подоцна.

CATEGORIES
Share This