САКИПОВ ВО ОФАНЗИВА – ДПР продолжува со средбите низ цела Македонија
Претседателот на ДПР ги засилува средбите со општинските и локалните организации низ целата земја.

Претседателот на Демократската партија на Ромите (ДПР), Миљазим Сакипов, после средбите во Кичево и Велес, оствари работна средба со претставници на локалните партиски организации во неготинскиот крај.
На средбата се разговараше за активностите на општинскатаи локалните организации на ДПР во Неготино и неготинскиот крај, нивното функционирање на терен, како и за приоритетите и активностите во наредниот период.
Претседателот Сакипов истакна дека ДПР останува посветена на својата определба за заштита и унапредување на интересите на Ромите, но и на интересите на сите граѓани во Република Македонија.
„ДПР секогаш ќе биде на терен и меѓу граѓаните. Нашата обврска е да ги слушаме нивните проблеми, да ги застапуваме нивните интереси и да се залагаме за конкретни решенија. Особено внимание ќе посветиме на зајакнувањето на локалните организации и нивната непосредна комуникација со граѓаните“, порача Сакипов.
Целта на средбите е директно на терен да се согледаат потребите и предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, да се разговара со партиското членство и да се утврдат приоритетите за понатамошното дејствување на ДПР.
Демократската партија на Ромите останува посветена на градењето силни локални структури, директна комуникација со граѓаните и активно застапување на нивните интереси.
Претседателот Сакипов во изминатиот период веќе реализираше работни средби со општинските организации на ДПР во Кичево и Велес, а теренските активности продолжуваат и во останатите општини низ Македонија, со цел дополнително зајакнување на партиските структури и директна комуникација со граѓаните.

САКИПОВ: ДПР СО НОВА ЕНЕРГИЈА ТРГНУВА НА ТЕРЕН Гласот на Ромите мора да се слушне
ШТО СЕ ПОДГОТВУВА ВО ДПР Сакипов одржа важна средба во Велес
ГОЛЕМА ПРОМЕНА ВО КИЧЕВО – Демократската партија на Ромите избра нови лица, нов тим и нова енергија

