РУБИО: ЗНАЕМЕ КАКО ЌЕ ЗАВРШИ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА Нема да има воена победа

Американскиот државен секретар најави продолжување на напорите на Трамп за договор меѓу Москва и Киев.

РУБИО: ЗНАЕМЕ КАКО ЌЕ ЗАВРШИ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА Нема да има воена победа
Фото: Принтскрин

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека војната во Украина не е во интерес на ниту една од страните и оцени дека Вашингтон знае на кој начин ќе заврши конфликтот.

Во интервју за радио WABC, Рубио посочи дека токму поради тоа е логично војната да биде прекината.

„За жал, во надворешната политика и во вакви прашања, она што е логично не е секогаш и она што навистина се случува“, изјави Рубио.

Тој додаде дека американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен САД да продолжат со дипломатските напори за надминување на разликите меѓу Русија и Украина.

„Секогаш кога постои можност да се направи чекор напред и да се премости јазот меѓу овие две страни, претседателот ќе биде подготвен да го направи тоа. И ние ќе продолжиме да се обидуваме да го постигнеме тоа“, рече Рубио.

Американскиот државен секретар оцени дека војната нема да заврши со убедлива воена победа на ниту една од страните, туку преку преговори и постигнување договор.

„Нема да заврши со убедлива воена победа на едната или другата страна. Ќе заврши со договор постигнат преку преговори. И колку побрзо тоа се случи, толку помалку луѓе ќе страдаат и ќе има помалку уништување“, истакна Рубио.

Неговата изјава ја пренесува украинскиот медиум „Украинска правда“.

CATEGORIES
TAGS
Share This