РУБИО УДРИ ПО КУБА Веднаш ослободете ги над 700 политички затвореници

Вашингтон тврди дека станува збор за политички затвореници и бара нивно итно ослободување.

РУБИО УДРИ ПО КУБА Веднаш ослободете ги над 700 политички затвореници
Фото: Принтскрин

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остар повик до кубанските власти, барајќи итно ослободување на повеќе од 700 лица за кои Соединетите Американски Држави сметаат дека се неправедно притворени поради политички причини.

„Повикуваме на итно ослободување на повеќе од 700 неправедно притворени политички затвореници што ги држи кубанскиот режим“, изјави Рубио.

Тој оцени дека меѓународната заедница не смее да остане пасивна пред, како што рече, кршењето на човековите права во Куба.

„Меѓународната заедница мора да престане да ги затвора очите пред кршењата на човековите права од страна на кубанскиот режим и да се придружи на барањето на САД за прекин на репресијата“, порача американскиот државен секретар.

Изјавата на Рубио претставува нов притисок од Вашингтон врз Хавана, додека прашањето за политичките затвореници и состојбата со човековите права останува една од главните точки на несогласување меѓу двете земји.

CATEGORIES
Share This