РЕФОРМИ НАМЕСТО ИЗБОРИ – Премиерот најави дека избори нема до 2028
Владата најавува фокус на реформи и стабилизација, изборите се одложуваат за подоцна.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека во текот на оваа година не се планира одржување избори во државата. Тој посочи дека 2026 година ќе биде посветена на спроведување реформи и внатрешно зајакнување на институциите.
Според неговите најави, целта е да се почитува редовниот изборен календар, што би значело следни избори дури напролет 2028 година.
„Мојот став е дека оваа година избори нема. Ова е реформска година и година на консолидација. Би сакал да имаме редовни избори што ќе се одржат во пролетта 2028 година“, изјави Мицкоски.
Иако Владата во овој период е насочена кон реализација на ветените проекти и економски мерки, премиерот нагласи дека политичката структура што ја предводи останува целосно активна и подготвена.
Тој додаде дека неговата партија е постојано спремна за изборно соочување, без разлика кога ќе биде закажан терминот за избори.
