РАСТЕ ЦРНАСТА ЛИСТА НА УЈП – Илјадници должници и милијарди денари долг

На новата листа се вклучени речиси 2.000 правни и над 3.000 физички лица.

РАСТЕ ЦРНАСТА ЛИСТА НА УЈП – Илјадници должници и милијарди денари долг
Фото: Национал

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр. 05/2026 за долгови доспеани до 31 јануари 2026 година, кои не се подмирени заклучно со 30 април 2026 година. Листата опфаќа обврски по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси за задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На листата се вклучени должници со вкупен долг повисок од 120.000 денари за физички лица и самостојни вршители на дејност, како и над 300.000 денари за правни лица.

Според податоците, на Листата на должници бр. 05/2026 се евидентирани 1.954 правни лица, што е за 56 повеќе во однос на претходната листа, како и 3.064 физички лица, што претставува намалување за 14 лица.

Вкупниот нето долг изнесува 12.127.971.312 денари, односно зголемување за 141.348.894 денари во споредба со претходната листа. Од него, 11.938.936.253 денари се однесуваат на даноци и придонеси (зголемување за 131.074.325 денари), додека долгот по основ на царински давачки изнесува 189.035.059 денари, што е зголемување за 10.274.569 денари.

CATEGORIES
Share This