РАКОЛ ВО ФУДБАЛСКА ФРАНЦИЈА Дембеле удри по Мбапе, во соблекувалната се создаваат два табора

Една реченица за Кварацхелија повторно ја разгори приказната – француските медиуми ја толкуваат како нова порака до капитенот, а Жером Ротен предупредува на сериозни тензии во репрезентацијата.

РАКОЛ ВО ФУДБАЛСКА ФРАНЦИЈА Дембеле удри по Мбапе, во соблекувалната се создаваат два табора
Фото: Принтскрин

Ситуацијата во француската репрезентација станува сè понапната, а во центарот на вниманието се најдоа две од најголемите ѕвезди на тимот Усман Дембеле и Килијан Мбапе.

Дембеле продолжи со своите јавни пораки кои француските медиуми ги поврзуваат со капитенот на репрезентацијата. На прашањето кој според него е најдобар фудбалер во светот, актуелниот освојувач на „Златната топка“ без двоумење го посочи Квича Кварацкелија.

„Квича Кварацкелија е најдобар во светот“, изјави Дембеле.

Тој додава дека би бил „воодушевен“ доколку грузискиот фудбалер ја освои „Златната топка“, бидејќи според него ја заслужува.

Француските медиуми ова го протолкуваа како нова порака до Мбапе, иако Дембеле не го спомена неговото име.

Сè започна со интервјуто на Мбапе за „Франс Фудбал“, во кое тој зборуваше за својата кандидатура за „Златната топка“ и го спореди својот развој со оној на Дембеле.

„Дембеле? Тој отсекогаш бил сметан за талентиран играч. Јас, од друга страна, секогаш бев сметан за избран. Многу рано го достигнав врвот. Усман имаше поинаков пат, обележан со повреди, но успеа да се врати“, изјави Мбапе.

Токму зборот „избран“ наводно бил причина за реакцијата на Дембеле. По победата на ПСЖ над Брест, тој беше прашан за трката за „Златната топка“, а неговиот одговор звучеше како директна порака.

„Знаете, секогаш бев на дното од класата, работев напорно. Во текот на мојата кариера, не кажав ништо, но работев неверојатно напорно. Како што реков, никогаш не бев избран. Но работев неверојатно напорно“, порача Дембеле.

Француските медиуми, меѓу кои „L’Équipe“ и „RMC Sport“, објавија дека неговите зборови предизвикале реакција во кругот на Мбапе.

Дополнителна загриженост предизвикаа коментарите на поранешниот француски репрезентативец и аналитичар Жером Ротен, кој тврди дека тензиите би можеле да се пренесат и во националниот тим.

„Ми велат дека многу репрезентативци повторно не ги разбираат неговите изјави. Тие се повеќе на страната на Дембеле отколку на страната на Мбапе. Иако станува збор за истиот тим, се чини дека се формирале два табора. Навистина сум љубопитен да видам како Усман Дембеле и Килијан Мбапе ќе се ракуваат на следниот собир на репрезентацијата. Мислам дека ќе биде исклучително напнато“, изјави Ротен.

Според Ротен, дел од соблекувалната на Франција и претходно имал проблем со одредени изјави и однесувањето на Мбапе.

„Впечатокот што беше оставен на Светското првенство е уште појасен денес. Многу играчи имаа проблеми со однесувањето и изјавите на Мбапе, тоа е факт. Тој сврте многумина против себе во националниот тим. Светското првенство заврши на тој начин, а кога си најдобар стрелец и се однесуваш примерно, како што тогаш правеше Килијан, критиките во тимот се замолчуваат. Сепак, ваквите изјави сега ќе го повредат“, смета Ротен.

https://nacionalno.mk/mbape-i-dembele-go-urnaa-maroko-franci-a-chekori-kon-nova-svetska-titula/

CATEGORIES
Share This