ПОРАДИ ДЕФЕКТ НА ВОДОВОДНА ЦЕВКА Без вода дел од Железара

Прекинот започнал синоќа во 23 часот поради дефект на водоводна цевка Ф100, а без вода се 25 куќи на улицата „Рокомија“.

ПОРАДИ ДЕФЕКТ НА ВОДОВОДНА ЦЕВКА Без вода дел од Железара
Фото: Национал

ЈП „Водовод и канализација“ информира дека денеска прекин во водоснабдувањето ќе имаат дел од корисниците во населбата Железара.

Поради уличен дефект на водоводна цевка со профил Ф100 милиметри на улицата „Рокомија“ бр. 69, без вода се 25 куќи на улицата.

Прекинот во водоснабдувањето започнал синоќа во 23 часот, а ќе трае до завршување на работните активности и отстранување на дефектот.

CATEGORIES
Share This