ПУТИН СО ПОРАКА ШТО ОДЕКНА ВО СВЕТОТ Подготвени сме за мир со Украина
Рускиот претседател порача дека Москва е подготвена за дијалог, но само врз основа на договорите од Истанбул и условите што веќе ги презентираше.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва е подготвена да се врати на мировните преговори со Украина, но како основа ги посочи претходните договори од Истанбул, модалитетите разгледувани во Анкориџ и, како што нагласи, „реалноста на терен“.
На состанокот со членовите на руската влада, Путин порача дека Русија е подготвена за дипломатско решение врз принципите што ги претстави уште во 2024 година во говорот пред руското Министерство за надворешни работи.
Во исто време, рускиот лидер оцени дека украинските сили губат позиции на фронтот и најави дека руската армија ќе продолжи со напредувањето во сите правци, повикувајќи се на стабилноста на руската економија и воените успеси.
Путин ги отфрли украинските напади врз руска територија и инфраструктура како фактор што може да влијае врз текот на војната, оценувајќи дека тие имаат цел да создадат подобра преговарачка позиција за Киев.
Рускиот претседател повторно ги обвини украинските власти, нарекувајќи ги „неонацистички режим“, додека Москва продолжува да ги претставува своите барања како предуслов за прекин на конфликтот.
Москва и денес се повикува на разговорите во Истанбул од пролетта 2022 година, кога двете страни разгледуваа можен мировен договор. Тогаш се разговараше Украина да прифати неутрален статус и да се откаже од членството во НАТО, во замена за безбедносни гаранции. Прашањето за Крим требаше да биде предмет на дополнителни преговори, додека дел од територијалните прашања останаа нерешени.
Сепак, договорот никогаш не беше потпишан, а мировниот процес беше прекинат.
Во својот говор од 2024 година, Путин ги наведе условите на Москва за прекин на конфликтот и повлекување на украинските сили од регионите Донецк, Луганск, Херсон и Запорожје, како и откажување на Украина од стремежот за членство во НАТО.
ЗЕЛЕНСКИ АЛАРМИРА Путин е во тешка позиција, а следниот чекор може да биде опасен


