ПСЖ И АТЛЕТИКО СО ПРЕДНОСТ – Но дали е тоа доволно?

Двата дуели од 21 часот носат одговори за првите полуфиналисти.

ПСЖ И АТЛЕТИКО СО ПРЕДНОСТ – Но дали е тоа доволно?
Фото: Принтскрин

Реванш четвртфиналните натпревари во Лигата на шампионите денеска и утре ја држат во фокус европската фудбалска јавност. По дуелите во Ливерпул и Мадрид ќе бидат познати првите два полуфиналисти.

Во овие пресметки, ПСЖ и Атлетико Мадрид влегуваат со предност од два гола против Ливерпул и Барселона.

Ливерпул ќе се обиде да ја искористи атмосферата на „Енфилд“ за да го елиминира актуелниот европски шампион ПСЖ, кој во првиот натпревар во Париз прикажа доминантна игра.

Навивачите и тимот се потсетуваат на легендарниот пресврт од 2019 година, кога Ливерпул ја совлада Барселона со 4-0 и ја анулираше негатива од првиот меч.

Тренерот Арне Слот порача дека за пласман понатаму ќе биде потребна „исклучителна изведба“ и максимална концентрација.

Од друга страна, тренерот на парижаните Луис Енрике истакна дека ништо не е готово и дека тимот мора да биде подготвен за тешки моменти на „Енфилд“.

Во Мадрид ќе се игра шпанското дерби, каде Атлетико ќе ја пречека Барселона со предност од 2-0 од првиот натпревар.

Во центарот на вниманието е и состојбата на тревата на стадионот „Метрополитано“, која според забелешките на Барселона била повисока од дозволеното. Тренерот Ханси Флик реагирал кај делегатот на УЕФА, додека во таборот на Атлетико се смета дека тоа може да биде дел од тактички пристап за забавување на играта.

Младата ѕвезда Ламин Јамал истакна дека двомечот не е завршен и дека неговиот тим ќе се бори до крај.

Инаку, Барселона неодамна успеа да слави на истиот терен во Ла Лига со 2-1, што им дава дополнителна надеж пред реваншот.

Двата натпревари започнуваат од 21:00 часот. Утре ќе се одиграат и преостанатите четвртфинални дуели, каде Арсенал и Баерн Минхен со предност од првите мечеви ќе ги пречекаат Спортинг и Реал Мадрид.

CATEGORIES
Share This