ЈАМАЛ ПРОТИВ СИМЕОНЕ – Нова фудбалска војна што ја тресе Европа
Жестоки зборови меѓу младата ѕвезда и тренерот на Атлетико пред клучниот реванш во ЛШ.

Фудбалерите на Барселона вечерва гостуваат на „Метрополитано“ од 21:00 часот, каде ќе се обидат да ја надоместат негативата од 2:0 од првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.
Пред реваншот, младиот играч на Барселона, Ламин Јамал, изрази незадоволство од начинот на кој противникот го чува, тврдејќи дека тренерот на Атлетико, Диего Симеоне често користи повеќе играчи за да го неутрализира.
„Ќе видиме дали Симеоне ќе ми направи услуга и ќе ме остави еден на еден со некој од неговите играчи. Искрено се надевам на тоа“, изјави Јамал.
Одговорот од Симеоне беше краток и остар:
„Ако сака да игра еден на еден, нека оди да игра тенис.“
Од Атлетико најавуваат дисциплиниран и тактички зрел пристап во реваншот, со фокус на одбраната и зачувување на предноста од првиот натпревар. Тренерот истакна дека тимот е добро подготвен и јасно знае што треба да направи за пласман понатаму.
Во меѓувреме, УЕФА ја отфрли жалбата на Барселона за судењето од првиот меч, која се однесуваше на недосуден пенал по играње со рака на дефанзивецот Марк Пубил. Каталонскиот клуб сметаше дека одлуката влијаела врз исходот, но дисциплинската комисија ја прогласи жалбата за неприфатлива.
Реваншот во Мадрид започнува во 21:00 часот, а Барселона ќе се обиде да ја анулира негативата и да обезбеди пласман во полуфинале.
