ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ СТЕ НА СПИСОКОТ – ЕВН најави повеќечасовни прекини на струјата на овие локации

Исклучувањата ќе бидат во различни временски интервали, од утринските до попладневните часови.

ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ СТЕ НА СПИСОКОТ – ЕВН најави повеќечасовни прекини на струјата на овие локации
Фото: Национал

Од ЕВН Македонија информираат дека денеска поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат потрошувачи на неколку локации во Скопје и околината.

Прекините се најавени во следните временски интервали:

  • Од 08:00 до 15:00 часот: Без струја ќе бидат потрошувачите на патот кон фармите во Јурумлери, на улицата 27 во Илинден, како и околните фирми на оваа улица.
  • Од 09:00 до 16:00 часот: Прекини ќе има во Петровец, кај училиштето и поштата, во „Еуроиталија“, селото Ржаничино, Радио Фар Ржаничино, Иванов Ржаничино и Маклаб Ржаничино, во општина Илинден.
  • Од 09:00 до 14:00 часот: Без електрична енергија ќе остане дел од улицата Анастас Коцарев, во општина Ѓорче Петров.
  • Од 12:00 до 15:00 часот: Прекин ќе има за дел од корисниците на улицата 11 Октомври, број 46, во општина Центар.

Од ЕВН апелираат потрошувачите навреме да ги планираат своите активности во согласност со најавените прекини.

CATEGORIES
Share This