СОНЧЕВО ВРЕМЕ СО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 20 СТЕПЕНИ Во западните делови засилен ветер

УХМР најавува мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од западен правец, а во Скопје ќе преовладува сончево време.

СОНЧЕВО ВРЕМЕ СО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 20 СТЕПЕНИ Во западните делови засилен ветер
Фото: Национал

Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој наместа во западните делови повремено ќе биде засилен.

Минималната температура ќе се движи од 5, а максималната ќе достигне до 20 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

CATEGORIES
Share This