ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА СТИГНА ДО 48.499 ДЕНАРИ За една година порасна 7,1 отсто

Најголем раст на платите е забележан во финансискиот сектор, снабдувањето со вода и дејностите со недвижен имот.

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА СТИГНА ДО 48.499 ДЕНАРИ За една година порасна 7,1 отсто
Фото: Принтскрин

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2026 година изнесува 48.499 денари, соопшти Државниот завод за статистика.

Во однос на јули минатата година, просечната нето-плата бележи раст од 7,1 отсто.

Најголемо зголемување на годишно ниво е забележано во финансиските дејности и дејностите на осигурување, каде платите пораснале за 10,7 отсто. Следуваат снабдувањето со вода, управувањето со отпад и санацијата на околината, со раст од 10,4 отсто, како и дејностите во врска со недвижен имот, со зголемување од 9,6 отсто.

Според податоците на ДЗС, раст на просечната нето-плата е регистриран и во споредба со претходниот месец.

Најголемо месечно зголемување има кај стручните, научните и техничките дејности, со 4,3 отсто.

Во трговијата на големо и мало, како и поправката на моторни возила и мотоцикли, платите пораснале за 3,2 отсто, додека во градежништвото растот изнесува 2,3 отсто.

CATEGORIES
Share This