ПРАТЕНИЦИТЕ ПРЕД НОВИ ПРАВИЛА – Ќе мора ли да се откажат од второ државјанство

Амандманската расправа како клучен филтер пред конечните одлуки.

ПРАТЕНИЦИТЕ ПРЕД НОВИ ПРАВИЛА – Ќе мора ли да се откажат од второ државјанство
Фото: Национал

Денеска во Собранието ќе заседаваат две комисии – Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика и Законодавно-правната комисија, при што на дневен ред се повеќе законски предлози, меѓу кои и измени на законите за пратеници и за минерални суровини.

Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика ќе одржи амандманска расправа по предложените измени и дополнувања на законите за минерални суровини, за концесии и јавно-приватно партнерство, како и за јавните претпријатија. Сите предлог-закони ќе се разгледуваат по скратена постапка.

Во меѓувреме, Законодавно-правната комисија ќе ги разгледа измените на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да имаат само едно државјанство, како и измените на законите за концесии и јавно-приватно партнерство, за минерални суровини и за јавните претпријатија. И овие предлози се предвидени за разгледување по скратена постапка, во рамки на амандманска расправа.

CATEGORIES
Share This