ПОВЛЕЧЕ НОГА ГРУЕВСКИ По ослободувањето од кривично гонење – и Латас на слобода

По осум години судење, обвинителството се откажа од случајот ‘Тотал’, а судот ја затвори постапката за даночно затајување.“

ПОВЛЕЧЕ НОГА ГРУЕВСКИ По ослободувањето од кривично гонење – и Латас на слобода
Фото: Принтскрин

По повеќегодишно судење, без утврдена вина заврши предметот „Тотал“, во кој обвинет беше новинарот Драган Павловиќ – Латас. Основниот кривичен суд Скопје донел пресуда со која обвинението е одбиено, откако надлежниот јавен обвинител целосно се откажал од понатамошно гонење. Случајот, кој го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство, се водеше од октомври 2017 година и се однесуваше на обвиненија за даночно затајување против Латас како физичко лице и три правни лица од Скопје.

Од Кривичниот суд информираат дека постапката неколкупати била враќана од почеток поради промени во надлежноста и префрлање на предметот меѓу различни обвинителства. На последното рочиште, јавниот обвинител во завршниот збор се откажал од обвинителниот акт. Според образложението на судот, обвинителот, по извршена анализа на вештиот наод и мислење, најпрво извршил измени во обвинението, а потоа утврдил дека кај две од правните лица не се исполнети законските елементи за кривичното дело даночно затајување. За едно правно лице и за обвинетиот Драган Павловиќ – Латас, во меѓувреме настапила апсолутна застареност на кривичното гонење.

„Поради сето тоа, судот постапил согласно законските одредби и ја донел наведената пресуда“, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Пресудата била донесена на 27 мај годинава, а според Судот, таа веќе е правосилна. Изготвени се и решенија за трошоците на странките, а откако ќе биде анонимизирана, пресудата ќе биде објавена на интернет-страницата на судот. Латас претходно беше ослободен и во предметот „Тревник“, кој се однесуваше на обвиненија за противправно градење викендички во Зелениково.

CATEGORIES
TAGS
Share This