АМСМ: Информации за состојбата на патиштата и граничните премини

Сообраќајот се одвива непречено, коловозите се претежно суви, а на границите нема подолги задржувања. Патот Охрид – Ресен преку Галичица е отворен за возила до 3,5 тони.

АМСМ: Информации за состојбата на патиштата и граничните премини
Фото: Национал

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, при претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува возачите да ја приспособат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат внимателно со возилата. Посебна претпазливост се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 април, патниот правец Охрид – Ресен, преку Националниот парк Галичица, е отворен за сообраќај за сите видови возила со тежина до 3,5 тони.

CATEGORIES
Share This