ПОЧНУВА ФИЛМСКИОТ СПЕКТАКЛ ВО СТРУГА „Дрим Шорт“ слави 10 години

Пет фестивалски денови, пет натпреварувачки програми и филмови од домашната, регионалната и меѓународната сцена.

Вечерва во 19:30 часот, во Паркот на поезијата во Струга, започнува десеттото, јубилејно издание на фестивалот на краток филм „Дрим Шорт“.

Во текот на петте фестивалски денови, публиката ќе има можност да проследи филмови во пет натпреварувачки програми – Меѓународна, Регионална, Национална, Студентска и Специјалната програма „Соочување со минатото“, која се реализира во соработка со „Про Пис Северна Македонија“.

За наградите во различните категории ќе одлучува четиричлено жири составено од сценаристот Масимилијано Нардули, актерката Верица Недеска, продуцентот Цанко Василев и режисерката Гледис Бица.

Јубилејното издание на „Дрим Шорт“ повторно ќе ја претвори Струга во место за средба на филмските автори, професионалците и љубителите на краткометражниот филм.

CATEGORIES
Share This