ПОЧИНА МИЛАН ПАНИЌ Поранешен премиер на СР Југославија и претседателски кандидат во Србија

Паниќ почина на 97-годишна возраст во Пасадена, Калифорнија; во 1992 година се кандидираше за претседател на Србија.

ПОЧИНА МИЛАН ПАНИЌ Поранешен премиер на СР Југославија и претседателски кандидат во Србија
Фото: Принтскрин

Милан Паниќ, поранешен премиер на Сојузна Република Југославија и кандидат на претседателските избори во Србија во 1992 година, почина на 97-годишна возраст во Пасадена, Калифорнија.

Паниќ е роден на 20 декември 1929 година во Белград, а починал на 24 септември годинава во Пасадена. Веста за неговата смрт синоќа беше објавена на спомен-страницата посветена на неговиот живот и дело.

За време на Втората светска војна бил припадник на партизанското движење. По завршувањето на војната, Паниќ се посветил на велосипедизмот, настапувајќи на највисоко ниво во тогашна Југославија, но и на меѓународни натпревари.

Во политиката остана запаметен и по претседателската кандидатура во Србија во 1992 година, како и по функцијата премиер на Сојузна Република Југославија.

CATEGORIES
Share This