ПЕТ НОВИ СЛИКОВНИЦИ СО СТЕЛА И САНИ Викендов во Веро Центар ќе се одржи промоцијата на авторката Бистра Георгиева
Вичендов ќе се одржи промоцијата на пет нови сликовници со Стела и Сани во авторство на Бистра Георгиева и илустраторките Наташа Андонова и Љупка Стојкова.

Станува збор за пет нови приказни со оригинална содржина, насловени: „Мечка се жени”, „Ноќна смена”, „Како да го прескокнеш вторник”, „Изгубено – најдено” и „Кој прв ќе заспие”.
Промоцијата ќе се одржи во сабота (7 ноември), во Веро Центар (Џамбо), со почеток од 11 часот. Покрај обраќање од авторката, ќе има и потпишување на сликовниците, а потоа следува интерактивен концерт и фотографирање со Стела и Сани и креативно катче за боење и цртање.
CATEGORIES Култура

